19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Golf R Variant (фото)

Volkswagen Golf R Variant (фото)

variant r 1

Германскиот производител се обиде во уште еден модел да ги исполни желбите и потребите на младите татковци кои основале семејство, но не сакаат да се откажат од страста кон спортските, компактни автомобили.

За прв пат во историјата, „Volkswagen“ покрај хечбекот со ознаката „R“ на купувачите ќе им понуди и караван верзија на најмоќниот „Golf“.

variant r 2

Golf R Variant“ е во целост базиран на „Golf R“, а oд хечбекот е превземен дизајнот на предниот дел на автомобилот, алуминиумските бандажи, стилските и аеродинамичките додатоци на надворешноста на возилото и ентериерот, како и најважниот елемент – моторот.

Караванот има и некои свои специфичности, како што се на пример, украсните носачи на покривот кои се превземени од стандарниот „Golf Variant“.

variant r 3

Како што доликува на еден „Golf“ кој на маската на ладилникот ја носи ознаката „R“, на задниот дел од возилото се истакнуваат четирите хромирани цевки на издувниот систем и спортскиот дифузор.

Ако караванот од надвор и не делува импресивно како „спортист“, впечатокот се менува кога ќе ја погледнете внатрешноста на автомобилот.

variant r 4

Тој е опремен со спортски волан, алуминиумски ножни команди, седишта со соодветни странични потпирачи…

Како агрегат се користи познатиот 2.0-литарски „TSI“ турбо-бензинец кој се наоѓа и во хечбек верзијата на најмоќниот сериски „Golf“.

Со 300 ks (221 kW) и најголемиот расположлив вртежен момент од 380 Nm, во комбинација со шестбрзински менувач со двојно квачило и „4Motion“ погонот на сите четири тркала, моторот е во состојба овој караван да го придвижи до „стотка“ за 5.1 секунда, што е за само 0.2 секунди полошо време од класичниот „Golf R“.

variant r 5

Максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.

„Golf R Variant“ е изложен на актуелниот авто-саем кој се одржува во Лос Анџелес од 18-ти до 30-ти ноември, а стартот на продажбата во Европа е планиран за пролетта 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП