3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda CX 3 - нов мал кросовер (фото+видео)

Mazda CX 3 – нов мал кросовер (фото+видео)

cx 3

„Mazda“ продолжува со офанзивата на нови модели. По новите генерации на „Mazdа MX-5“ и „Mazdа 2“, во краток временски период претставен е и првиот под-компактен кросовер на јапонската компанија.

„Mazda CX-3“ имаше светска премиера на саемот во Лос Анџелес, кој за претставниците на медиумите беше отворен вчера, 18-ти ноември.

cx 3 1

Иако на пазарот на мали кросовери пристигнува со задоцнување во однос на моделите на другите производители, овој автомобил има квалитети со кои може да го надополни тоа задоцнување.

Компанијата го искористи привлечниот и се уште свеж, „Kodo“ дизајн кој е карактеристичен за сите нови модели на „Mazdа“ од 2011-та до денеска, а новиот кросовер според формата најмногу потсетува на помала „Mazdа CX-5“.

cx 3 2

„Mazda CX-3“ е поставена на платформата на новата „Mazdа 2“. Двата автомобили имаат идентично меѓуосовинско растојание (2.570 mm), но и со 4.275 mm, „CX-3“ е подолг за 215 mm.

Очекувано, кросоверот е со висина од 1.550 mm и повисок е од „Mazdа 2“, и тоа за 55 mm.

Внатрешноста исто така е многу слична на ентериерот на новата „Mazdа 2“. Oд формата на командната табла, воланот, преку инструментите, до командите за климата на централната конзола.

cx 3 3

Eкранот на мултимедијалниот систем е одвоен по пат на таблет на врвот на централната конзола, што е решение кое го применуваат се повеќе производители на автомобили, а „Mazda“ како практика во своите модели го воведе во новата „тројка“.

Слично е и со асиметричната поставеност на отворите за вентилација, која веќе е видена на „Mazdа 2“ – на страната на возачот отворите се кружни, а кај сувозачот со правоаголен облик.

cx 3 4

На европскиот пазар „Mazda CX-3“ ќе биде достапна со дволитарски „SKYACTIV-G“ бензинец и 1.5-литарски „SKYACTIV-D“ дизел.

Моторите ќе бидат поврзани со шестбрзински мануелен или шестбрзниски автоматски менувач, а покрај моделот со преден погон, во понудата ќе биде и верзија кај која моќта се пренесува на сите 4 тркала.

„Mazda“ не ги соопшти спецификациите на споменатите мотори, но познато е дека во „Mazdа 3“ 2.0-литарскиот бензинец произведува 88 kW/120 ks и 121 kW/165 ks. Што се однесува до 1.5-литарскиот дизел мотор, тој во „Mazdа 2“ развива 77 kW/105 ks.

Официјалните технички детали за погонските единици и информациите за цените ќе бидат познати пред почетокот на продажбата во Европа, која е закажана за пролетта 2015-та.

Кога ќе пристигне во продажните салони, „Mazdа CX-3“ ќе ја дочека силна конкуренција од моделите „Renault Captur“, „Opel Mokka“, „Peugeot 2008“, „Nissan Juke“, па до најновите кросовери од овој сегмент, како што се „Honda HR-V“ или „Suzuki Vitara“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП