1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајскапиот билборд чини 2.5 милиони долари и веќе е ангажиран

Најскапиот билборд чини 2.5 милиони долари и веќе е ангажиран

times-square-biggest-billboard-hed-2014333

Во ерата на дигиталните екрани најголемиот од нив е на пат да го освои Њујорк.

На „Times Square“ во „Големото јаболко“ во изминативе денови беше инсталиран најскапиот дигитален билборд во светот.  Објектот е висок колку осумкатна зграда, долг е речиси колку фудбалско игралиште, а дисплејот му е составен од близу 24 милиони LED пиксели.

За да го резервираат за две недели, компаниите треба да имаат неверојатни 2.5 милиони долари. Во првите денови од неговиот живот, тој ќе покажува слики од природата, а од 24-ти ноември е на располагање на пребарувачот „Google“, која е првата компанија што ќе се рекламира на овој билборд.

„Големината има значење на „Times Square““, истакнуваат од „Clear Channel Outdoor New York“, компанијата која го продава објектот. Од таму не соопштија детали за договорот со „Google“. Се знае само дека компанијата го ангажираше за исклучителен, долгорочен период, така што веројатно е договорена и пониска цена од објавената.

Се проценува дека околу 300.000 пешаци ќе поминуваат покрај него секој ден, а неговото вклучување беше забележано од стотици туристи.

Новиот симбол на најпознатиот плоштад во Њујорк виси на хотел „Marriott Marquis“. А „Google“ не е првата компанија која се прикажува на толку големата рекламна површина. „LG Electronics“ неодамна создаде кампања на рекордно голем билборд во близина на меѓународниот аеродром „King Khaled“ во Саудиска Арабија, кој беше запишан во Гинисовата книга како најголем во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП