28 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.11.2014

Дневен хороскоп 19.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Верувате дека е можно еден Рак или една Вага да ги убедите во она што го сакате. Имате неколку можности кога станува збор за премин на некое ново работно место. Големо влијание на вас има лицето со кое сте во емотивна врска. Ако планирате пат во странство, проверете дали целата документација ви е во ред.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се трудите некого да го фасицинирате. Ќе бидете во прилика со некој Лав да се договорите околу важно прашање но не ги затегнувајте премногу односите поставувајќи услови кои не ви одговараат. На некој му е многу важно со вас да биде во добри односи, можно е тоа да е некоја Шкорпија или Риба. Имате голема поддршка од Девицата а за тоа не сте ни свесни.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Би требало максимално да се опуштите и уживате во работата со која во моментов се занимавате без оглед за што станува збор. Ако некој со кој сте соработувале пред неколку години ви се јави со желба да ја обновите соработката, добро размислете дали вие тоа го сакате. Имате неколку начини како да го поправите впечатокот кај една Шкорпија.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Транзитот на Венера не ви одговата и уверени сте дека некој се обидува да ве измами и дека станува збор за некоја колешка. Премногу се оптеретувате со сомневањата и некој вид на параноја, бидејќи оние кои ве доживуваат како конкуренција јасно ви го кажуваат тоа. Можна е нервоза во работата со Стрелец.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашите амбиции се премногу големи за така лесно да се откажете од се што сте планирале. Оние кои мислат само на себе, а работат во тим, ќе имаат големи проблеми. Имајте повеќе разбирање за лицата со кои често доаѓате во конфликт, а инцијатор на конфликтот сте вие.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Транзитот на Месечината преку Вага ви носи многу нови можности во врска со работата во јавност. Оние кои веќе на некој начин се познати или афирмирани во рамките на својата струка може да сметаат на поддршка од некои Близнаци или Девица. Имате неколку начини како да се договорите со некој Лав или Водолија околу важните прашања во кои посредува некој Рак.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Трудете се да бидете понеутрални во една ситуација во која од вас се очекува да го дадете своето мислење. Не сте подготвени претерано да анализирате никого, ниту да се мешате во проблемите кои не ве интересираат. Ако сте сакале да се поврзете со лицата кои соработуваат со странци, одложете го тоа за некој нареден ден.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Месечината во Вага во транзит не ви одговара, особено не ако во последно време сте имале некој проблем во комуникацијата со колегите. Најдобро е се да премолчите и да почекате да помине неповолниот период. Коцките за некој ден ќе се наместат на своето место, а вие така нема да си создадете непријатели.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова е поволен ден за вас иако сте уверени дека ѕвездите не ви се наклонети. Ако планирате да се вклучите во некоја нова работа, можно е да побарате мислење, но внимавајте тоа да биде вистинското лице за совет. Во нервозните ситуации каде напнатоста е голема не се снаоѓате најдобро, затоа избегнувајте ги.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Транзитот на Венера, планетата на креативност преку вашата астролошка куќа на тајни и Месечината преку вашата астролошка куќа на кариера можат да ви донесат некое интересно изненадување и некоја неочекувана понуда. Верувате дека можете да се навикнете на новите услови за работење. Мудро ракувајте со парите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вие сте во вашиот елемент бидејќи сте го постигнале она што сте го сакале. Имате начин како да воспоставите добра комуникација со Рибите од кои очекувате помош во врска со работата или Јарецот кој ви ветил нешто што ви е многу важно. Имајте трпение за оние кои се помалку искусни од вас или оние кои се почетници во вашата работа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

На некој му е важно да ве има за пријател и веројатно ќе бидете во можност да го обновите односот со тоа лице. Ако се работи за некој кој живее во странство и со кој планирате да работите, не се двоумете, направете го тоа што побрзо. Ќе добиете прилика да се сретнете со некое интересно лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП