17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.11.2014

Дневен хороскоп 18.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвени сте да ги прифатите сугестиите од другите лица кои во работата се поискусни од вас и за кои мислите дека се добронамерни. Можно е да станува збор за Стрелец кој често престојува во странство или станува збор за лице кое се занимава со спортот. Морате да му се јавите на блискиот роднина кој со денови го очекува вашиот повик.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Верувате дека во работата ќе успеете во нешто што на другите не им е лесно. Потребен ви е некој како посредник и тоа веројатно ќе биде некоја жена која е постара од вас и вие со неа сјајно ќе поминете. Добро се согласувате со уметниците и со креативните лица со кои секогаш имате за што да разговарате. Можен е повик од Шкорпија.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребен ви е совет од Рак или Риба и ќе ги наговорите да се сретнат со вас по секоја цена. Не се двоумете да ја контактирате Шкорпијата, Јарецот или Водолијата, особено ако не сте се договориле за деталите во врска со некое патување или некоја заедничка работа. Решете го прашањето со долговите или прилагодете се со Шкорпијата или некои други Близнаци.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Очекувате некаков вид на подршка а ни сами не знаете од кого. Се обидувате на некого да му оставите впечаток дека бил малку груб со вас и дека би требало да го промени однесувањето. Ако имате намера да се сретнете со некои Риби, не морате да бидете целосно искрени. Добро се согласувате со некој кој некогаш ви помогнал во врска со странство.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се трудите да му се допаднете на некого од кого очекувате помош, а всушност веќе имате симпатии не само од ова лице туку и од многу други кои можеби јавно ве подржуваат и во секој случај сметаат на вас. Добро би ви дошло дружењето со Риби или Рак. Чувствувате потреба да ја искажете својата способност на начин на кој вие тоа го сакате и планирате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Чекате повик од некоја друга Девица, Шкорпија или Близнаци во врска со заедничкото излегување. Избегнувате да се соочите со некој Лав или Стрелец а и некоја Вага не ви е толку пријатен соговорник. Можеби е време да се соочите со сопствените пропусти и да сфатите дека вашиот живот е во вашите раце.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сакате да започнете некоја работа со Шкорпија, Риба или Јарец, бидете упорни и не дозволувајте било кој да ве предомисли, особено не некој Лав или Овен. Ако се обидувате да им се наметнете на Близнаците, можно е тие само првично да се согласат на соработката. Ќе добиете повик кој долго сте го чекале.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Напнатите односи во домот и можните расправии во врска со парите во голема мера можат да ви го расипат расположението. Не е моментот поволен за правење на планови во врска со недвижнините. Ако сте млади, попуштете пред барањата на некои лица, особено во домот. Ако имате нерасчистени односи со блиските роднини најдете начин да го решите тој проблем.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес бидете директни во разговорите. Ако имате предлог за забава, кажете го без заобиколување. Ако некој позајмил од вас нешто и сакате да ви биде вратено, без воздржување побарајте го. Ако сакате повеќе романтика во врската, кажете му тоа на партнерот. Не претпоставувајте дека луѓето читаат меѓу редови, затоа што најголем дел од нив воопшто не се обидуваат да го прават тоа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе забележите дека финансиската состојба ви се подобрува и тоа ќе ви влијае особено позитивно на расположението. Денес имате прилично динамичен ден со можни резултати на деловен или професионален план. Не го запоставувајте семејството и партнерот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале. Сепак, внимавајте на вашите финансии, лошо ги распределувате. Вашите соработници се задоволни од вашето учество во важните проекти, продолжете така.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП