17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.11.2014

Дневен хороскоп 15.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некои од вас ќе се соочат со сериозни професионални дилеми и ќе биде потребно многу мудрост за да го повлечат правилниот конец. Сите претставници на овој знак ќе мора да обрнат повеќе внимание на здравјето, бидејќи се можни проблеми. На љубовен план овој ден ви носи искушение на кое не треба да подлегните. Сега склопените љубовни врски можат да бидат без иднина, но сепак изборот останува на вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост така да не треба да го губите времето на споредни работи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Време за губење немате. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта во спротивно ќе имате недоразбирања со околината. Партнерот е прв на листата на осомничени за неискрено однесување.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Бидејќи настојувате да и докажете на околината нешто што не постои ќе запаѓате од грешка во грешка што ќе резултира со нарушени меѓучовечки односи. Прошетките во природа ќе ве спасат.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денеска ќе реализирате доста успешни разговори со некои ваши деловни партнери. За секој случај доверете им се само на вашите блиски и оставете уште некое време да остане тајна. Денеска ќе посакате да бидете сами со вашиот партнер и целосно препуштете им се на чувствата. Ако сте во можност денес вратете ги долговите зошто подоцна можеби ќе имате проблеми.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе морате мирно и сталожено да ги анализирате сите задачи кои себе си сте си ги поставиле. Претерувате во искажувањето на лаги, па околината ве смета за непожелно лице. Планетите не ви се наклонети, очекувајте проблематичен период.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Работете ја работата посериозно и целосно. Површното работење може негативно да делува врз вашата работа, а особено врз финансискиот дел. Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина. Некоја личност од порано која ви должела ќе ви возврати со услуга.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можно е да се подготвувате за средба со некој кој не сте го виделе подолго време, а ви е особено драг, можно е тоа да е некој Бик или Стрелец. Астролошката куќа на пријатели е добро позиционирана, во овој период ќе им посветите големо внимание на средбите со пријателите. Не се откажувајте од вашите цели и од она што го работите, многу полесно можете да постигнете повеќе од тоа што мислите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања од тие луѓе.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност во деловните соработки. Штедете ги парите кои во моментов ги поседувате, постои можност наредниот период да биде неповолен за вашата финансиска состојба.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Се чувствувате релаксирано и уживате во животот. Проблемите и недоразбирањата кои ги имавте сами со себе се зад вас. Но, сега треба да се размислува за иднината. Бидете искрени и признајте си дека е време за нова етапа во вашиот живот. Некоја принова во вашето семејство ќе ви донесе дополнителна радост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП