5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОд утре со зимска опрема, стар Правилник и нови гуми

Од утре со зимска опрема, стар Правилник и нови гуми

zimski-uvjet

Зимски гуми и синџири за автомобили, џипови и на лесни камиони од утре, 15-ти ноември, ќе бидат задолжителни за патиштата во земјава. Стариот Правилник за зимска опрема важи и годинава, а се најавуваат и почести прегледи и казни за оние чии шари на гумите не се длабоки најмалку четири милиметри. Доколку автомобилот е со летни гуми шарите мора да се со истата длабочина, но и да се носат и соодветни синџири во багажникот.

Експертите велат дека сепак е добро сите возачи што се во можност да набават зимски гуми, бидејќи нивниот состав ја подобрува ефикасноста на сопирањето и го намалува патот на кочењето, со што ја зголемува и сопствената, како и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Зимските гуми имаат значително подобро прилагодување на патот и пократок пат на сопирање, благодарение на подлабоките шари. Се одбираат гуми што се соодветни на патот, се набавуваат во специјализирани продавници со сервиси каде се гарантираат монтажата и квалитетот на производите. Еден од нив е и Церес – авторизираниот увозник и дилер на пневматици во Македонија, со сопствен сервисно -продажен центар СКОПЈЕ ГУМА, на улица Првомајска.

Со цел да им излезат во пресрет на потребите, но и на можностите на купувачите Церес есенва ги обезбеди речиси сите познати брендови на пневматици, меѓу кои се и Pirelli, Michelin, Continental, Good Year и руските Kama гуми. Водени од мотото „Пневматик по најповолни цени за секое транспортно средство“, постојано реализираат продажни акции и бројни бесплатни придружни услуги.

„Секако дека е подобро кога возилото е со зимски гуми и сите наши настојувања се во насока граѓаните да најдат најсоодветното“, велат во Церес.

Советуваат дека возачите треба да бидат внимателни доколку купуваат зимски пневматици на старо и да водат сметка гумите да имаат знак на снегулка на стилизирана планина со три врва, за да не им продадат летни гуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП