18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.11.2014

Дневен хороскоп 14.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Родените на почетокот на овој знак мораат посериозно да се позанимаваат со своите работи и да се вклучат во некаков проект кој би можел да им донесе подобри приходи. Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не знаете да лажете, но тоа не значи дека не можете да чувате нешто што ви е кажано само вам во доверба и немате никакво право да го расакажувате наоколу. Бидете претпазливи, бидејќи ќе сакате да бидете интересни пред некого, па да раскажете нешто што ви е доверено само вам. Од друга страна, можеби некој ќе ви побара некаква поддршка или помош, за која можеби и нема да бидете расположени.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес најверојатни се непредвидени трошоци, но голема е веројатноста да ви се зголеми и приходот. Денес е денот кога ќе претворите еден ваш сон во целосна реалност. Воздржете се од предвремени заклучоци. Семејството се жали дека го запоставувате, вклучете го во поголема мера во вашиот социјален живот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете подготвени да примите лоши вести или лоши непланирани настани. Денес расположението ќе ви биде романтично, и затоа потешко ќе си ги завршите дневните обврски.  Направете листа на вашите обврски пред да почнете да ги извршувате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Добро се согласувате со Близнаците и другите припадници на Лав кои совршено ве разбираат кога станува збор за работата. Би требало да им се посветите на вашите интереси бидејќи имате шанса да успеете во работата која можеби сега ви е хоби или со која во моментов се бавите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Бидете претпазливи во вложувањето пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес е уште еден одличен ден за вас. Сите работи по природен пат ќе се наместат на своето место, а вие нема да треба да се потрудите околу тоа. Денес би можело да остварите некои многу важни контакти па задржете ги отворени сите начини на комуникација кои можете. Некој може да ви приреди изненадување, тоа максимално ќе ве задоволи.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најобар ред.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа. Ако сте некому шеф, внимавајте како се однесувате со вашите вработени, во последно време се разочарани од вас. Ќе се најдете во едно пријатно друштво каде многу ќе се забавувате. Здраствената состојба ви е одлична.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се чуствувате омалаксано, исцрпено и лошо. Само со одмор и правилна исхрана оваа состојба можете да ја сведете во нормала. Емотивните недоразбирања се последица на претераните очекувања и идеализирање на партнерот. На професионален план ве очекуваат успеси и награди.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата. Исклучително поволните прилики на работното место, ќе придонесат да ги насочите мислите кон некаков бизнис со поголем профит.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не ќе можете да направите се што сте планирале за денешниот ден. Работите ви се натрупале, а вашето трпение е на минимум. Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги. Во семејството ситуацијата е доста напната, некој член навистина ви прави големи проблеми. Бидете потолерантни и не влегувајте во бурни распрвии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП