17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.11.2014

Дневен хороскоп 13.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекуваат големи тешкотии на работен план во следниов период. Задоцнивте поради работите кои не сакате на време да ги видите и сега немате излез од оваа криза. Упатете се кон одредени луѓе кои знаат да ве советуваат. Само во тој случај ќе успеете да дојдете до нови решенија и складност помеѓу соработниците.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се чувствувате одлично во друштво на некоја линост која ви дава конкретни совети во врска со финансиите. Сакате да го проширите тимот на соработници. Трудете се никој да не примети дека многу нешта не умеете да ги сработите. Семејството ќе ве повика на отворен и искрен разговор.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Чувството на задоволство не ве опушта доволно. Ќе постојат некои расправии и дебати во врска со вашата иднина, а вие нема да сакате да учествувате во нив. Послушајте ги добрите намери на некој Рак или Риба. Имате свои цели и јасно ви е што сакате но околината ве задушува.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Со задоволство ги трошите парите но не правите реални планови во што да ги вложите. Денес финансиите ќе ви бидат најважни. Внимавајте на големите трошоци што си ги создавате, скратете некој од нив. Некоја Вага ќе побара стручна помош од вас.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се обидувате да завршите што повеќе работи, особено кога станува збор за соработка со некој Јарец, Бик или некој Рак. Практичната стана на вашата личност е во прв план и ве прави подготвени максимално да им се посветите на своите интереси. Се плашите дека некој би можел да ви приреди непријатно изненадување кое се однесува на вашите финансии или на вашата работа. Сакате да добиете на време кога станува збор за донесување на некои важни одлуки.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Претераната амбиција не ви носи ништо добро, вие тоа ќе го сватите и набрзо ќе станете свесни за вашите реални потенцијали. Чекате некој да каже нешто убаво за вас, но тоа нема да се случи. Разговарајте со личноста која ви нуди помош.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Одличен ден за соработка со некој Јарец или Бик. Овенот помалку ве иритира и не сте подготвени да му попуштите иако знаете дека сепак тој е во право. Попуштете во непријтните ситуации и најдете начин за решавање на истите. Во вечерните часови ќе имате зголемено ниво на среќа, играјте некоја игра на среќа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Одговорете на повикот од личноста која долго време се обидува да стапи во контакт со вас. Без оглед дали таа носи позитивни или негативни вести. Ќе ви бидат потребни самокритични работници кои ќе ви помогнат и вие да успеете да си ги пронајдете грешките. Приватните проблеми средете ги со низок тон, не го покачувајте тонот на вашите драги лица.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Очекувате да ви се јави некој кој се однесува заштитнички кон вас, но истовремено на некој начин ви покажува дека всушност вие зависите од него. Добрата комуникација со Близнаци, Рак и Вага е многу важна за продолжување на соработката. Ќе добиете повик од поранешен соработник во врска со нова работа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот е погоден за сите оние кои знаат што сакаат и најверојатно тие лица ќе одлучат да отпатуваат негде. Обидете се да се договорите со Близнаците или Стрелецот за некои важни прашања. Можен е повик од странство кој многу ќе ве израдува.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Верувате дека една Девица ќе го одржи ветувањето. Пресметајте ги вашите финансиски средства и паметно распределете ги. Не се заморувајте со решавањето на вашиот статус на работното место, има време за тоа. Можен е некаков пат на кој дополнително ќе се усовршите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП