17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.11.2014

Дневен хороскоп 12.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе ви излезат некои непланирани работи на професионален план. Тоа од вас ќе бара многу енергија и трпение. Но не очајувајте, ве очекува награда од претпоставените. Можни се некои помали финансиски издатоци. Што се однесува до љубовта се е во најдобар ред.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ве очекува работно успешен ден. Ги шармирате соработниците и конкуренцијата така да ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактично да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе почуствувате како настаните и околностите ви одат од рака. Ќе успеете да создадете посмирени односи со околината. Вашата комуникативност ќе биде причината за новонастанатите или подобро новоиницираните работни задачи или проекти во вашата фирма. Пофалбите ќе ги добите доколку темелно ги проанализирате и објасните вашите ставови, а колегите тоа го прифатат.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и живејте во мир. Нагласен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори и партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто. Скротете ги емоциите и не навлегувајте во непотребни дебати од кои ќе произлезе кавга.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува разврска на емотивното поле. Денов е добар и за нови почетоци во љубовта , па соберете храброст и пријдете и на личноста која ве привлекува. Што се однесува до деловното поле тука постои можност за потпишување на договори, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекуваат некои новини во вашато работење – дали ви се допаѓаат и дали ќе ги прифатите нема да зависи многу од вас. Постои можност од недоразбирања и судири со соработниците и претпоставените. Ако раководите со некој туѓ имот или имате пристап до некои тајни скриени инфорамции – морате да бидете внимателни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Надворешните збиднувања особено оние деловните ќе ви ја разнишаат емотивната рамнотежа и ќе ве доведат во ситуација во која ќе ви биде многу тешко да го пронајдете вистинскиот пат. Во ваква ситуација, најверојатно ќе го прифатите ризикот, а со тоа можете да прекинете некои многу пријатни работи.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сентиментално сте расположени, пристапни не само за туѓи проблеми туку и за туѓите расположенија. Па затоа одбирајте поведри луѓе, смејте се и радувајте се бидејќи тоа е вистинскиот лек за вашата душа. Луѓето со негативна енергија одбегнувајте ги – само можат да ви наштетат.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некоја деловна понуда многу ќе ве заинтересира, но одлуката ќе биде тешка. Енергијата ви е на ниско ниво, па затоа ве советуваме да не се напрегате премногу. Материјалната состојба нема да ве загрижува. Во љубовта бидете потолерантни ако сакате да ја сочувате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве советуваме да бидете што поотворени кон другите луѓе, особено кон оние кои многу ви се важни. Ако нешто не ве остава на мир или поради нешто сте нерасположени, сега е вистински момент да промените нешто. Ова е одличен ден за проучување и самоанализа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Би било идеално ако можете денска потполно да се посветите на работниот живот. Морате да заборавите на се што ве измачува и потполно да и се посветите на работата. Иако на почеток нема да видите резулатати сепак издржете и не се разочарувајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП