24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTailor Made: Ferrari направено по „мерка“ (фото+видео)

Tailor Made: Ferrari направено по „мерка“ (фото+видео)

ferrari po merka

Италијанскиот производител на суперавтомобили разви линија на модели кои се „кројат по мерка“ или подобро кажано, според желбата на купувачите на кои „обичните“ модели не им се доволни.

ferrari po merka1

„Ferrari“ неодамна низ Фиренца возеше четири примероци од својот „FF“ модел, возила со кои на најдобар начин беше демонстрирано што може и што нуди нивниот програм „Tailor Made“, кој во превод значи „скроен по мерка“.

ferrari po merka2

Ова понуда им дава можност на купувачите, според својата желба и вкус да го стилизираат автомобилот кој ќе го купат и подоцна ќе го возат. Се може да се промени, од бојата на каросеријата, преку бојата на кожата во внатрешноста на кабината, дури и најситните детали на инструмент таблата.

ferrari po merka3

За Вас одвоивме неколку фотографии кои припаѓаат на различни модели, така да не се обидувајте да ги искомбинирате во една целина, затоа што сината кожа со црвени детали, тешко дека ќе одговара со белото „Ferrari“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП