9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen и се „заканува“ на Toyotа

Volkswagen и се „заканува“ на Toyotа

tojota vw

Иако „Toyota“ веќе трета година по ред бележи раст во производството и продажбата, и се наоѓа на врвот по бројот на продадени автомобили, „Volkswagen“ полека се доближува во намерата да го превземе првото место.

„Volkswagen“ неодамна ги објави резултатите од продажбата и заработката во досегашниот период од годината, кои покажуваат дека оваа групација силно чекори кон позицијата број еден меѓу светските производители на автомобили.

Особено добар резултат е остварен во третиот квартал, кога заработката на групацијата е зголемена за 16 проценти, во однос на истиот период од 2013-та, што е постигнато пред се најмногу благодарејќи на марките „Audi“ и „Porsche“ и нивниот успех во Европа и Кина.

За првите 9 месеци, „Audi“ има продадено 1.3 милиони автомобили ширум светот, додека „Porsche“ испорача 135.600 возила.

„Škoda“, која со продадени 774.100 aвтомобили во периодот јануари-септември, го зголеми бројот на испораки за 13%, исто така значително допринесе за успехот на групацијата.

Се проценува дека групацијата „Volkswagen“ во 2014-та ќе надмине 10 милиони продадени возила, што би значело дека продажниот план е остварен 4 години порано, отколку што претходно беше предвидено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП