28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМichelin двојно ќе го зголеми своето производство во Кина

Мichelin двојно ќе го зголеми своето производство во Кина

Michelin-Man1

Францускиот производител на автомобилски гуми „Мichelin“ има во план своите производни капацитети во Кина да ги зголеми за два пати до 2019-та година.

На тој начин сакаат да го искористат својот потенцијал на раст на овој најголем светски пазар на автомобили, соопштија од компанијата.

„Мichelin“ помеѓу 2010-та и 2013-та година започна со изградба на четири нови погони со голем капацитет во Бразил, Индија, САД и Кина.

Со вкупно 3.600 вработени во кинеските фабрики, „Мichelin“ сега годишно произведува околу 77.000 тони гуми, а до 2019-та планираат годишното производство да биде околу 220.000 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП