5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarks & Spencer: Пад на продажбата на непрехрамбени производи

Marks & Spencer: Пад на продажбата на непрехрамбени производи

marks-and-spencer-660x330

Најголемиот британски ланец на продавници за облека и храна „Marks & Spencer“ во средата извести за нов во низата квартални падови на приходите од продажбата на непрехрамбените производи, поради невообичаеното топло време оваа есен.

Како што објавија од компанијата во продавниците кои работат повеќе од една година во изминатиот квартал продажбата е намалена за четири проценти во споредба со истиот период минатата година.

Станува збор за 13-тиот последователен квартал во кој е забележан пад на продажбата на овој малопродажен ланец со 130 годишна традиција.

Интеренет продажбата на ниво на групацијата во претходниот квартал, е намалена за 4,6 проценти надоврзувајќи се на 8,1 процентниот пад во првиот квартал.

Но, приходите на „Marks & Spencer“ од продажбата на прехрамбени производи, кои сочинуваат половина од вкупните приходи на групацијата, се зголемени во последниот квартал за 0,2 проценти на годишно ниво, па компанијата успеа да оствари раст на основната добивка во првите шест месеци од фискалната година, и тоа за прв пат во последните четири години.

Добивката на „Marks & Spencer“ пред оданочување и еднократните ставки достигна 268 милиони фунти, шест милиони фунти повеќе во однос на истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП