3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSuzuki Jimny им одолева на годините (фото)

Suzuki Jimny им одолева на годините (фото)

jimmy suzuki

Иако актуелната генерација е на пазарот уште од 1998-ма, „Suzuki“ се уште нема намера да го замени својот мал теренец со нов модел. „Jimny“ ќе пристигне во 2015-та со незначителни козметички промени и технолошки подобрувања.

Основната намена на вистинските теренци не бара од производителите да ги менуваат генерациите на овие возила така често, како што е случај со моделите на обични патнички автомобили, кои ги обновуваат на секои 6 до 7 години.

„Mercedes G Сlasѕ“ и „Land Rover Defender“ опстојуваат со мали промени веќе со децении, а слично е и со „Suzuki Jimny“.

jimmy suzuki1

По 16 години, колку што се продава актуелната верзија, овој модел се уште е далеку од пензија. Јапонскиот производител ги претстави подобрувањата за 2015-та за европскиот пазар, со цел моделот „Jimny“ да биде во склад со современите прописи кои важат во Европа.

Моделот за 2015-та година ќе има редизајнирана инструмент табла која содржи и систем за далечинска контрола на притисокот во гумите и советник за промена на брзините, со цел да се подобри економичноста во возењето.

Автомобилот од сега стандардно ќе биде опремен со електронска контрола на стабилноста (ESP), која во 2015-та ќе стане задолжителна за сите нови возила на европскиот пазар.

jimmy suzuki2

Покрај тоа, подобрени се надворешноста и внатрешноста на малиот теренец. Во понудата се две нови металик бои, сребрена и зелена, редизајнирани се 15-инчните алуминиумски бандажи, како и нов вид на навлаки за седиштата.

Погонската единица останува непроменета. „Suzuki Jimny“ и натаму под хаубата ќе има четирицилиндарски 1.3-литарски бензински мотор со 85 ks и максимален вртежен момент од 110 Nm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП