12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмалиот McLaren ќе се нарекува Sport Series (видео)

Најмалиот McLaren ќе се нарекува Sport Series (видео)

baby mclaren

„McLaren“ официјално ја започна промотивната кампања за новиот модел, „Sport Series“, кој ќе биде претставен во вториот квартал од 2015-та година.

Тоа што стануваше збор за основен модел, кој досега ја имаше интерната ознака „P13“, и кој во гамата на британскиот производител ќе ја заземе позицијата под „650S“, не значи дека „Sport Series“ не е „вистински McLaren“.

Компанијата соопшти дека новиот модел ќе има конструкција од јаглеродни влакна, централно поставен „V8“ мотор и дека во производството ќе биде искористена технологијата и знаењето кое „McLaren“ го разви во Формула 1.

Се очекува дека „McLaren Sport Series“ ќе цели на пазарниот сегмент на кој припаѓаат модели како што се „Porsche 911 Turbo“, „Audi R8“ и „Mercedes AMG GT“.

Според претходните најави, новиот спортски двосед би требало да биде придвижуван од 3.8-литарски „twin-turbo V8“ мотор кој би произведувал меѓу 450 и 500 ks.

Oсновната верзија би чинела околу 160.000 eвра што е значително поевтино од „McLaren 650S“ кој има цена од 250.000 eвра.

Погледнете го првиот во низата од планираните 13 промотивни спотови со кои „McLaren“ ќе го најавува новиот модел:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП