5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air прави своја база во Тузла

Wizz Air прави своја база во Тузла

1510578299545b583c5387a694594869_orig

Најголемиот нискобуџетен авиопревозник во Централна и Источна Европа „Wizz Air“ најави дека од јуни 2015 година во Тузла ќе се наоѓа неговата нова база.

Оттаму, според најавите, ќе се спроведуваат четири нови линии.

Новите рути се Минхен-Мемингем и Стокхолм-Скавста, со почеток на летови од 26 јуни 2015 година, како и рути за Франкфурт-Хан и Осло-Сандефјорд со започнување на летовите од 28 јуни 2015 година, соопштија од компанијата, напоменувајќи дека така од Тузла ќе имаат девет линии во пет земји.

Комерцијалниот директор на компанијата „Wizz Air“ Ѓорѓи Абран пoтсети дека оваа авиокомпанија започнала со операциите во Тузла во мај 2013 година и до денес превезла повеќе од 180.000 патници.

БиХ е 11-тата земја во која „Wizz Air“ воспостави база за работење, додаде Абран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП