26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВеднаш прочитајте ја содржината на вашите креми

Веднаш прочитајте ја содржината на вашите креми

kozmetika_1414918473_670x0

Хемикалиите кои се ставаат во козметичките производи се наменети за продолжување на рокот на траење, а воедно се и многу штетни за нашето здравје.

Што се парабени? Тие денес се синоним за опасност и сериозна болест. Тоа е причината зошто познатите компании гласно нагласуваат дека нивните производи се без парабени. А што се всушност парабени и зошто се наоѓаат во нашите козметички производи?

Парабените се хемиски конзерванси кои се користат за да го продолжат рокот на траење на козметичките производи и да спречат раст на микроорганизми. Во козметиката започнале да ги користат во 30-тите години од минатиот век. Од тогаш тие се наоѓаат во шампоните, кремите, кармините…. Немаат боја, вкус, ниту мирис. Производители ги сакаат бидејќи се евтини и овозможуваат нивните производи подолго да траат.

Но, човековото здравје не ги сака. Бројни истражувања покажуваат дека парабените се многу штетни, а пред две години било спроведено големо истражување кое ја вознемирило светската јавност. Имено тоа било првото истражување кое ги поврзало парабените и ракот на дојка. Научниците напоменуваат дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања за да се открие точната поврзаност на оваа опасна хемикалија и развојот на канцерогени клетки.

Поради „лошиот углед“ парабените во последните години се избегнувани од производителите. Некои научници предупредуваат дека и производите на кои пишува дека не содржат парабени треба внимателно да се користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП