10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПетрол ги зголеми приходите

Петрол ги зголеми приходите

petrol

Словенската енергетска групација Петрол, во 2012-та година остварила приход од 3.8 милијарди евра и чиста добивка од 53.9 милиони евра.

Приходот е зголемен за 15 проценти, а добивката за три проценти во однос на 2011-та година, што Надзорниот одобор го оцени како добар деловен резултат, и покрај заострените услови за работа и тешките макроекономски услови на пазарите на кои Петрол е присутен.

Петрол во 2012-та година продажбата на нафтени деривати ја заголеми за 7 проценти во однос на претходната година. Приходите од продажбата од другите производи беше зголемено исто така за 7 проценти.

Во сопственост на групацијата Петрол се 462 бензински станици. Од кои 315 во Словенија, 92 во Хрватска, во Босна и Херцеговина има 37,  во Србија 8 и по пет во Црна Гора и Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП