Овен (21.03 – 20.04)
Не сте подготвени во нешто да попуштите, особено не кога станува збор за некоја работа која бара физичка кондиција. Ќе се бунтувате и ќе навлезете во кавга со околината која ќе ги осуди вашите постапки. Ќе имате голем број на проблеми за решавање затоа прво смирете се и пристапете на соодветен начин.
Бик (21.04 – 21.05)
Во вас ќе постои потреба за истакнување и покажување на вашите квалитети, потенцијали. Верувате дека можете да убедите некој Јарец или Шкорпија да ви ја обезбедат работата која би можела да биде многу профитабилна. Некој ќе сака со вас да ја обнови соработката, можно е да станува збор за Риба. Играјте игри на среќа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес можно е да донесете одлука во афект, особено ако планирате да се вклучите во работа која од вас бара познавање на странски јазици, медицина, или психологија. Имате голема потреба на некој да му докажете дека не е во право или ќе се обидете да им се наметнете на колегите на начин кој тие нема да го прифатат.
Рак (22.06 – 22.07)
Напорен ден, исполнет со непријатни изненадувања. Не ги земајте при срце. Пред да се нурнете во депресија помислете си дека може да биде и полошо. Денес посветете му поголемо внимание на семејството. Внимавајте на кого му се доверувате, некој во вашата близина ги искористува информациите кои ги добива од вас.
Лав (23.07 – 22.08)
Не правете никакви ризици поврзани со пари. Ниту со сопствените, ниту со туѓите. И внимавајте на имотот. Проверете дали сте заклучиле откако ќе излезете. Можно е да искусите некоја екстремна ситуација. Искористете го денешниот ден за професионален напредок.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе имате прекрасна можност да разговарате со луѓе од вашата дејност и да размените неформални информации. Ќе ви бидат од голема корист. Пратете ги строго приходите и трошоците на вашите сметки во банката. Пратете ги исто така и фактичките трошоци кои ги реализирате непосредно. Можно е да постои некоја неправилност. Денот ќе ви помине мирно ако не ставате се што е важно и неважно при срце.
Вага (23.09 – 22.10)
Претежно со финансиски прашања ќе се занимавате денес. Ќе добиете дополнителни приходи и додека им се радувате, ќе ги потрошите. Не се нервирајте, сепак ќе ги потрошите за нешто убаво. Доста напрегнати моменти ќе преживеете денес. Ќе ви биде тешко да ги контролирате емоциите, но барем не пренесувајте негативна енергија на најблиските.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Сочувајте го оптимизмот и чувството за хумор денес. Настаните ќе бидат контрадикторни. Не барајте преголема идеалност на позитивното а не треба да бидете ниту премногу очајни за негативното. Вечерта иако многу уморни, ќе го сортирате овој ден во еден од најуспешните.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Потрудете се да ги завршите најважните обврски пред пладне. По ручекот е многу веројатно да ве поканат на некоја свеченост. Не откажувајте, ќе се случат интересни настани од кои во иднина може да добиете големи поволности.
Јарец (22.12 – 20.01)
Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Релаксирајте се и забавувајте се во друштво.
Водолија (21.01 – 19.02)
Премногу очекувате од моменталната ситуација. Морате да заземете практичен став кон проблемот. Вие сте личност која има смисла за конкретни работи. Кога е така, тогаш однесувајте се според тоа. Морате подобро да ги проценувате луѓето, за подоцна да не се каете. Помалку озборувајте.
Риби (20.02 – 20.03)
Навистина придржувањето кон даден план и рутина ви дава чувство за контрола над вашиот живот, но тоа прави да ви недостига забава. Денес почитувајте ги правилата, но не претерувајте. Внесете мала доза на авантура во вашиот живот. Направете нешто непредвидливо. Прифатете нечија понуда за лудување.