7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко мислите дека овие намирници се диетални, тогаш сте во заблуда

Ако мислите дека овие намирници се диетални, тогаш сте во заблуда

74269_profimedia0154741524_630x0

Многу намирници се рекламираат како здрави и диетални, а всушност воопшто не се.

Токму поради тоа често слушаме како многу луѓе се жалат дека не можат да ослабат, а за појадок секогаш јадат мусли или овошен јогурт. Погледнете за кои популарни намирници многумина мислат дека се здрави и диетални – а тие се нешто сосема спротивно од тоа.

Вода збогатена со витамини

74268_profimedia0171424166_630x0

Ваквите напитоци често се рекламираат како здрав додаток во исхраната бидејќи содржат многу витамини, минерали, па дури и влакна. Меѓутоа, вистината е дека би требало сепак да ги прескокнете и да консумирате обична бода. Всушност, иако на етикетата ќе прочитате дека ваквиот производ содржи многу малку калории, овие напитоци често се прават со вештачки засладувачи кои се подеднакво нездрави како и обичниот шеќер, ако не и полоши. Покрај тоа, тука се често присутни и вештачките ароми и бои.

Овошен јогурт

74270_profimedia0091199674_630x0

Комбинација од здрав јогурт полн со пробиотици и свежо овошје – што тука може да биде нездраво? Жените кои се водат по оваа логика често прават голема грешка во исхраната, па купечките овошни јогурти ги консумираат без ограничувања, неретко заменувајќи ги токму со нив вистинските овошни плодови. За жал, вистината е дека во овие јогурти ќе пронајдете само многу прости шеќери и непотребни калории. Многу подобра алтернатива е едноставно да си направите свој, домашен, овошен јогурт во блендер, едноставен – комбинирајте малку јогурт со вашето омилено овошје и додадете по желба малку мед.

Плочки од житарки

74269_profimedia0154741524_630x0

Ова е уште една многу популарна „здрава“ ужинка која всушност и не е воопшто добра за вашето здравје. Многу од овие плочки се релативно исти со најобичните чоколади. Често на пакувањето може да се прочита дека се „богати со влакна“ или “одличен извор на протеини“, но никој не е луд на пакувањето да потенцира дека е и „преполно со прости шеќери“. Ако навистина сакате влакна и протеини, за ужинка изберете парче сирење и јаболко.

Намирници со 0% масти

74281_profimedia0117127574_630x0

Намирниците без масти се вистинска измама за луѓето кои сакаат да ослабат, бидејќи луѓето најчесто мислат дека „без масти“ значи и „без калории“. Тоа доведува до претерување во консумирањето на вакви намирници. Од друга страна пак, недостатокот на масти произведувачите често го надокнадуваат со додавање на непотребни шеќери – со цел вкусот да биде што подобар. Подобро би било да јадете намирници со масти, но да водите сметка за внесеното количество. Така барем ќе бидете свесни за она што го внесувате во вашиот организам.

Мусли

15244_shutterstock_25044115_630x0

Поголемиот дел од купечките мусли во само една порција ќе ви дадат огромно количество на транс масти и прости шеќери, кои често се доведуваат во врска со срцевите и мозочните удари. Секако, тоа не важи за сите купечки мусли, затоа е многу важно да обрнете внимание на нутритивната табела на пакувањето. Но, и покрај сето ова, препорачаните порции се толку мали, што луѓето често не се заситуваат и набрзо потоа грицкаат нездрави намирници или јадат уште една порција мусли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП