26 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.10.2014

Дневен хороскоп 29.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Би требало да имате доверба во лицето кое ве повикува на заедничка соработка. Имате неколку резервни планови во врска со таа соработка, но најмногу е потребно да не планирате туку да оставите работите да се реализираат една по друга. Некоја блиска личност ќе ве изненади со однесувањето.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате јасно разработен план како да го убедите Јарецот да ви овозможи шанса во врска со новиот проект. Ако се обидувате да продолжите да соработувате со некоја Вага ќе ви биде потребно трпение, особено ако се работи за некоја блиска личност. Најдете нешто во кое ќе ја вложите вашата енергија и ќе се ослободите од нервозите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се обидувате да ги постигнете обврските на сите страни и храбро донесувате одлуки без голема сентименталност дури ни кон самите себе. Ако се занимавате со работа во која имате голема конкуренција, веројатно сте подготвени напорно да работите за да ги постигнете целите. Многумина ве поддржуваат во постапките, продолжете така.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не се нервирајте премногу ако не ви се јави некој друг Рак, Бик или Овен. Имате добри шанси да ја продолжите соработката со влијателните лица во околината. Ќе ви биде потребна поддршка од лице кое има повеќе искуство во работата со странци од вас.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На некој многу му значи да ве предомисли во нешто што вие самите сте го смислиле. Ќе бидете подготвени да се слушнете со лицето со кое често разговарате за важните прашања. Мора да најдете начин како да го средите прашањето за својот статус и своите финансии, особено ако имате планови да отпатувате во странство.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сакате да ја продолжите соработката со некоја друга Девица, Риба или Јарец. Потребни ви се подобри услови за работа и нов договор околу финансиските средства. Сакате да бидете сигурни и стабилни и во иднина, па затоа работите и нештата ги планирате уште од сега.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Многу сте рационални кога станува збор за ракувањето со пари. Се обидете да направите договор со Водолија бидејќи ви е потребна нејзината поддршка. На некој му е важно повторно да комуницира со вас. Не се лутете, преминете преку проблемите и задржете ја добрата репутација.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој планира да ве повика на важен состанок. Но, вие денес нема да можете да и се посветите на работа, поради проблемите кои ќе се појават во љубовта. За пријателите и соработниците ќе бидете одлично друштво. Не ги нагласувајте дополнително грешките на партнерот, можен е прекин на врската.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Транзитот на Месечината и Марс делуваат поттикнувачки на креативните типови од вашиот знак. Оние кои ќе се вклучат во новите проекти ќе пронајдат одличен начин за изработка, кој ќе биде пофален од лицата на високите позиции. Имате одлични соработници, искористете ја и нивната моќ за деловно да блеснете.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако не сакате да се впуштите во некоја работа со Овенот мора да тактизирате за да се извлечете од таа ситуација. Сепак, доколку сакате тоа јасно и гласно да го кажете ќе мора да имате добри причини, инаку ќе бидете осудени. Вечерните часови искористете ги за релаксација и одмор.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате да се договорите со еден Рак за нешто што на вас ви е повеќе од важно, а ви се чини дека е невозможно. Верувате дека е можно да го средите односот со некои Риби или Шкорпија. Не им обрнувајте внимание на лошите лица кои пласираат неточни муабети за вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Верувате дека ќе успеете да убедите некое блиско лице во планот и намерите кои ви се многу важни. Некој ќе ве осуди поради вашиот потег, бидејќи ќе го сфати како себичен. Можеби треба да ги преиспитате постапките. Некој Овен или Јарец ќе се појават како посредници во вашите планови за кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП