6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS го зголеми профитот за третина

UBS го зголеми профитот за третина

ubs svic

Швајцарската банка „UBS“ во третиот квартал оствари раст на нето профитот од 32 отсто на годишно ниво или 762 милиони швајцарски франци (632 милиони евра).

Растот на профитот за скоро третина е забележан во голем дел благодарејќи на даночните олеснувања од 1.3 милијарди франци, кои ги надополнија давачките на име на парничните и регулаторните трошоци од 1.8 милијарди франци, пренесуваат медиумите.

UBS“ е една во низата на меѓународни банки кои се под истрага во многу земји поради сомневање дека манипулирале со каматните стапки на девизните пазари.

Профитот од работењето на најголемата швајцарска банка порасна во трите месеци заклучно со септември за 10 отсто или на 6.8 милијарди франци, при што секторот на инвестициско банкарство забележа загуба во работењето од 1.2 милијарди франци.

„UBS“ стартуваше со реструктуирање на работењето и се фокусираше на секторот за управување со средствата, кои во третиот квартал евидентираа со профит во работењето од 707 милиони франци, што е највисоко ниво од вториот квартал во 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП