6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСамо шестмина ќе можат да го возат ова Ferrari (фото)

Само шестмина ќе можат да го возат ова Ferrari (фото)

sergio ferari2

Брендот „Ferrari“ станува се повеќе ексклузивен. Италијанскиот производител на луксузни автомобили се подготвува да започне со производство на својот нов модел на „Ferrari Sergio“, кој ќе се нуди само со покани.

Само шест луѓе во светот ќе имаат чест да го поседуваат овој автомобил.

Концепт возилото е претставено на автомобилскиот саем во Женева во 2013-та година, а е дизајнирано заедно со италијанската компанија „Pininfarina“. Секој автомобил се очекува да се продаде за милиони, иако од „Ferrari“ во моментов не ја откриваат точната цена.

Секој кој сака да биде еден од оние шест среќници кои ќе го имаат „Ferrari Sergio“, веќе задоцниле, бидејќи „Ferrari“ веќе ги има продадено сите автомобили. Само долгогодишни клиенти на компанијата добиле покани за новиот автомобил.

sergio ferari1

Портпаролот на автопроизводителот изјавил пред медиумите дека конечните нарачки во моментов се потврдуваат, а производството ќе почне „наскоро“, целта е крајниот производ да биде доставен до клиентите следната година.

„Ferrari“ ќе треба да направи промени во дизајнот на автомобилот, претставен во Женева, за да може тој да одговара на законите за движење по патиштата.

Од „Ferrari“ веќе најавија дека бараат ексклузивност, па поради тоа и го ограничуваат бројот на автомобили кои ги произведуваат секоја година, до 7.000. Овој нивен потег веќе дава финансиски резултати. Брендот, кој е во сопственост на „Fiat Chrysler Automobiles“, најави 1.3 милијарди евра (1.65 милијарди долари) приходи за првото полугодие, што претставува 14.6% пораст на годишна база од 2013-та година

sergio ferari3

Моделот „Sergio“ е базиран на механичката база и технолошките компоненти на „Ferrari 458 Spider“. Од компанијата најавија дека автомобилот ќе може да забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 3.4 секунди.

„Ferrari“ има сличен пристап на ексклузивност и кон друг свој модел – „LaFerrari“. Само 499 автомобили од моделот ќе бидат произведени, а по неговото деби на саемот во Женева минатата година веќе над 1.000 луѓе поднеле нарачки. Како што е и случајот со „Sergio“ сепак, ти не го избираш автомобилот, туку „Ferrari“ те избира тебе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП