13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарсeлона не е така „фина“ како што изгледа?

Барсeлона не е така „фина“ како што изгледа?

barsa nova

Фудбалерите на Барселона во досегашните одиграни дуели во Примера, дури петпати одиграа од два во еден или од еден во два.

Премногу случајно?!?!?!

Најквалитетниот клуб во Европа и актуелен лидер во Шпанија во 25-те одиграни кола, дури 20 проценти од средбите оваа сезона ги завршиле со пресврт! Дали е ова случајност или да се наполни клубскиот буџет по пат на кладење? Каталонците дури на три гостувања победија, откако губеле на полувремето.

Иако во Шпанија нема екипа која во досегашниот дел од првенството не одигра натпревар во кој немало пресврт. Барселона се апсолутни рекордери на ова поле. За разлика од екипата од „Ноу Камп“, нивниот најголем ривал, Реал Мадрид, на „само“ две средби одигра со пресврт, од кои еден натпревар го загубија, иако имаа водство на полувремето.

Звучи неверојатно, но Каталонците се многу пред останатите екипи за кои обложувалниците се сомневаат дека сакаат да наместат натпревар.

Депортиво, Мајорка, Еспањол, Севилја… веќе со години се познати како „преваранти“, но во сезоната 2012/2013, пресврти направиле „само“ по трипати.

Екипи кои направиле пресврти:

Мајорка, Депортиво, Севилја, Еспањол по три средби, Реал, Валенсија, Сосиедад, Гетафе, Леванте и Сарагоса по два натпревари. Останатите девет клубови во Примера одигра само по еден натпревар во кои имало пресврт.

Сомнителните средби на Барса:

23.2.2013.    Барселона – Севилја 2:1 (0:1) коефициент 29.00

16.2.2013.    Гранада – Барселона 1:2 (1:0) коефициент 27.00

19.1.2013.    Сосиедад – Барселона 3:2 (0:1) коефициент 50.00

29.9.2012.    Севилја – Барселона 2:3 (2:1) коефициент 27.00

26.8.2012.    Осасуна – Барселона 1:2 (1:0) коефициент 28.00

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП