7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСуперавтомобил со 2000 „коња“ ќе се продава во 2016-та

Суперавтомобил со 2000 „коња“ ќе се продава во 2016-та

super car

До неодамна потполно непознатиот американски производител на автомобили, „Trion SuperCars“ (TSC), продолжи со работа на својот проект „Nemesis“ – суперавтомобил со мотор од 2.000 „коња“.

„TSC“ во март ја изненади јавноста со најавата дека подготвува автомобил кој ќе ги надмине најмоќните продукциски модели на денешницата, „Bugatti Veyron“ и „Koenigsegg One:1“.

Најинтересен беше фактот дека „Trion Nemesis“ погон ќе добива од мотор со дури 2.000 ks. Во меѓувреме, компанијата „TSC“ се огласи со нови информации и компјутерски цртежи на возилото.

super car1

Според нивните зборови, планирано е „Nemesis“ да биде претставен во јануари 2016-та година.

Пред тоа, компанијата на почетокот на 2015-та година ќе заврши со работата на првиот прототип на автомобилиот. Објавени се и прелиминарните спецификации на погонската единица.

„Nemesis“ ќе има 9.0-литарски „V8“ твин-турбо мотор со околу 2.000 ks.

super car2

Претходно беше соопштено дека моќта ќе се пренесува на сите 4 тркала преку осумстепениот секвенционален менувач, а автомобилот ќе биде во состојба од 0 дo 96 km/h (0-60 милији на час) да забрза за 2.8 секунди и да достигне максимална брзина од 450 km/h.

Планирано е производство на 50 автомобили, а „Nemesis“ ќе се продава и во Европа по почетна цена од 786.000 илјади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП