13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDaimler го продава својот удел во Tesla

Daimler го продава својот удел во Tesla

tesla fakototo

Компанијата мајка на „Mercedes-Benz“ – „Daimler“, одигра значајна улога во спасувањето на „Tesla“ од финансиски колапс во 2009-та година, откако купи 9-процентен удел во производителот на електрични автомобили и склучија партнерство.

Пет години подоцна и 29 милијарди долари пазарна капитализација, „Daimler“ го продава својот удел, кој поради финансиски причини е намален до 4%. „Daimler“ ќе заработи 780 милиони долари од продажба, но тоа не значи дека германскиот гигант се откажува од иднината на „Tesla“.

„Нашето партнерство со „Tesla“ е многу успешно и ќе продолжи“, се вели во соопштението на главниот извршен директор на „Daimler“, Дитер Цетче.

Поврзување на „Tesla“ со „Daimler“ беше исклучително корисно за производителот на електрични автомобили во период во кој многу аналитичари сметаа дека компанијата на Илон Маск нема никакви шанси за успех. „Daimler“ обезбеди инвестиција и ја извршуваше улогата на клиент, користејќи ја технологија на „Tesla“ во времето кога Маск продаваше само двосед роудстер.

„Tesla“ имаше потреба од поддршка, за да продолжи да ги развива активностите и да го доведе својот следен автомобил „Model S“ до производство. Компанијата исто така требаше да докаже на Министерството за енергетика на САД дека компанијата може да успее и доби гаранција за заем од 465 милиони долари.

Од нејзиното „IPO“ во 2010-та година (една година откако „Daimler“ го купи уделот) акциите на „Tesla“ поскапеа со над 1.000%. Вчерашниот ден беше затворен со цена од вредност на акциите на компанијата од 235 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП