7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака работи британската мафија: Возилото за 60 минути оди надвор од државата!

Вака работи британската мафија: Возилото за 60 минути оди надвор од државата!

kradenje koli

Како да се украде скапоцен автомобил и за помалку од 60 минути да се подготви за транспорт во странство?

Одговорот на ова прашање го даде британската Агенција за спречување на криминалот која минатиот месец открила 44 возила со вкупна вредност од преку 1.300.000 евра.

За време на операцијата, службениците на оваа Агенција беа насочени за претрес на пристаништата ширум земјата.

Таму пронајдоа возила кои биле добро скриени во контејнери. Крадците ги ставале заедно со храна и облека, а некои бил сокриени зад големи парчиња картон. Како што беше откриено со истрагата, многу од скапоцените автомобили биле во сопственост на финансиски компании кои биле жртви на измамата.

kradenje koli1

Откриено е дека некои од крадците на автомобили се толку софистицирани, така што можат да ги украдат и извезат од земјата за помалку од еден час. Покрај возилата како „БМВ“, „Ауди“, „Ренџ Ровер“ и други, полицијата во контејнерите пронашла скапоцени делови од најмалку 29 украдени „БМВ“ кои крадците претходно ги одвоиле.

Украдените возила инаку се многу ценети меѓу крадците затоа што ја задржуваат вредноста при продажбата во било кој дел од светот. Најчесто ги продаваат на клиенти во Африка, Кипар, САД, па дури и во Малезија.

„Извозот и продажбата на украдените возила на црниот пазар е вредна работа за организираните групи, затоа што на овој начин исто така го избегнуваат плаќањето на даноци и другите регулативи. Ваквиот вид на криминал не ги погодува само сопствениците на возила, туку и продавачите, осигурителните куќи и другите бизниси кои се поврзани со нив“, вели Том Довдал од Агенцијата за спречување на криминал.

kradenje koli2

Минатата година во Велика Британија биле украдени 90.000 возила. Властите веруваат дека поголемиот дел од нив ќе бидат изнесени надвор од државата.

Меѓу нив најмногу се оние со погон на сите четири тркала, затоа што можат да се користат во земјите со лоши патишта.

Методите кои крадците ги користат при крадењето вклучуваат, хакирање на компјутерскиот систем, заплена на клучевите при кражба во домовите, како и употребата на лажни документи за изнајмување на возила.

Експертите сметаат дека крадците се опремени и со уреди кои можат да програмираат нов електронски клуч кога ќе се пробие автомобилот, па се до уреди кои ги фаќаат кодовите кога сопственикот го отклучува возилото.

kradenje koli4

Исто така, сметаат дека крадците користат и компјутерски програми со чија помош преку сателит го „превземаат“ автомобилот. Па така од далечина можат да ги отклучат и да ги стартуваат.

Многу од уредите кои се користат можат евтино да се купат на интернет страници кои се регистрирани во Бугарија. На нив се објавени и упатставата за користење.

Овој проблем пред неколку години беше забележан на неколку модели, но полицијата сега смета дека сите модерни возила се загрозени.

Поради тоа ги советуваат нивните сопственици да ги  паркираат на осветлени места и да користат заштита на управувачот, менувачот и педалите, но и уреди за следење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП