27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФинансиите го стопираат развојот на суперавтомобилот на BMW

Финансиите го стопираат развојот на суперавтомобилот на BMW

m1 koncept

Шефот на „M“ одделението во „BMW“ вели дека автомобил кој ќе им конкурира на „Audi R8“ и „Mercedes AMG GT“ е многу посакуван, но исто така дека неговиот развој и производство би биле многу скапи за компанијата.

„Mercedes“ на саемот за автомобили во Париз го претстави новиот спортски топ модел, „AMG GT“, додека „Audi“ зa 2015-та ја најави новата генерација на својот суперавтомобил „R8“.

Во „BMW“ засега немаат индикација дека оваа компанија наскоро ќе одговори на предизвиците на двата германски конкуренти, иако вработените во „М“ одделението со задоволство би започнале со развојот на супер-спортски модел.

„Доколку прашате некој од нашите 550 работници, тие ќе ви одговорат дека се подготвени во овој момент да започнат со работа на еден таков автомобил“, вели шефот за развој во „BMW M“ одделението, Карстен Приест.

„Меѓутоа, во големите компании, како што е „BMW“, морате да го согледате и широкиот контекст и да ги одредите приоритетите. Секогаш имаме повеќе идеи на масата, но буџетските ограничувања не ни дозволуваат да ги реализираме“, објаснува Приест.

„BMW“ во 2013-та го претстави хибридниот спортски автомобил „i8“, но со оглед на неговите перформанси, во гамата има место и за помоќен модел кој ќе се натпреварува со споменатите „Audi R8“ и „Mercedes AMG GT“.

„BMW“ во развојот на овој специфичен автомобил вложи значителни финансиски средства, околу 2 милијарди евра. Тоа е двојно повеќе отколку што се троши за развојот и производството на конвенционалните нови модели.

Поради тоа се очекува дека „BMW“ најпрво ќе почне да ги враќа вложените пари низ продажбата на моделот „i8“, пред него во оваа компанија да започнат да размислуваат за нов суперавтомобил.

Приест сепак не ја отфрли можноста „BMW“ да се одлучи да го искористи јубилејот, како што е 50 години од настанувањето на спортскиот модел „M1“ од 1978-та, со цел на купувачите да им понуди негов наследник.

Потсетуваме, четирите децении од појавувањето на „BMW M1“ е одбележано во 2008-ма година со премиера на новиот концепт „М1“, но приказната околу тоа заврши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП