Швајцарската банка „UBS“ ја тужеше Хрватска во федералниот суд во Њујорк, тврдејќи дека и должи 45 милиони долари од главнината и каматата за подмирување на обврските превземени по распадот на Југославија.
Во тужбата стои дека Југославија во 1988-ма година издала долг како дел од низата реконструирања и за зајакнување на економијата. Во условите стои дека правните постапки во овој случај ќе се решаваат во Њујорк.
„Daily Mail“ јавува дека сите други земји кои произлегоа од Југославија ги подмириле своите обврски кон „UBS“.
Хрватска и банката „UBS“ со години ја договарале отплатата на долгот, но не дошло до решение, иако Хрватска ги признала своите обврски.
„И покрај тоа, Хрватска не го плати својот долг, па поради тоа ја остави банката „UBS“ без избор“, стои во тужбата.