3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорот на ИЦДС предлага создавање „енергетски триаголник“ меѓу Грција, Израел и Кипар

Директорот на ИЦДС предлага создавање „енергетски триаголник“ меѓу Грција, Израел и Кипар

triangl

Директорот на Меѓународниот центар за одбранбени студии (ИЦДС) и поранешен американски амбасадор во Азербејџан, Метју Брајза, предлага природниот гас откриен во Израел и Кипар да се пренесува до Грција, со што би се создал „енергетски триаголник“ меѓу трите земји.

Како што наведува атинскиот весник „Елефтеротипија“, во обраќање на Меѓунардониот енергетски форум во Атина, Брајза оценил дека израелскиот и кипарскиот гас преку гасовод што би минувал низ Турција, би можел да се пренесува до Грција и потоа од таму да се дистрибуира до останатите европски земји.

Според него, ваквата варијанта е економски поисплатлива од колку евентуалната изградба на подводен гасовод од Кипар до Грција.

Осврнувајќи се на изградбата на „Трансјадранскиот гасовод“ кој треба да ги поврзува Грција, Албанија и Италија преку Јадранското Море, Брајза оцени дека тој е поевтина варијанта во однос на гасоводот „Набуко“, преку кој гас од Азербејџан би се транспортирал преку Турција и Балканот кон Европа, но смета дека „Набуко“ сепак е подобро решение, бидејќи преку него со гас би се снабдувале поголем број земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП