25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Mazda 2 пристигнува во Европа

Новата Mazda 2 пристигнува во Европа

2 mazda

„Mazda2“ зa 2015-та ќе има своја европска премиера на 3-ти ноември на презентацијата за медиумите во Барселона. Потоа, автомобилот ќе биде прикажан на уште неколку саеми и манифестации, пред да пристигне во продажните салони во почетокот на 2015-та.

По претставувањето во Јапонија и САД, и прогласувањето за автомобил на годината на домашниот пазар, новата „Mazda2“ пристигна и на европскиот континент.

Автомобилот е заснован на концептот „Hazumi“, кој „Mazda“ го прикажа на авто-саемот во Женева во март 2014-та.

2 mazda1

Новата „Mazda2“ e долга 4.060 mm, што е за 15 cm повеќе во однос на актуелниот модел. Ширината остана иста, 1.695 mm, додека висината е 1.495 mm, што претставува раст од 2 cm во споредба со претходната генерација.

Зголемено е и меѓуосовинското растојание (2.570 mm) и тоа за 8 cm, па патниците на задните седишта ќе имаат повеќе простор од претходно.

Автомобилот може да се пофали и со „Active Driving Display“ системот – првиот „head-up“ дисплеј во оваа класа, но и новиот безбедносен систем, „i-ACTIVSENSE“, кој вклучува и систем за надзор на мртвите агли „BSM“ (Blind Spot Monitoring).

2 mazda2

Kако што претходно објавивме, моделот „Mazda2“ во Европа ќе биде достапен со четири мотори, вклучувајќи го „SKYACTIV-D“ 1.5-литарски, целосно нов дизел мотор со низок степен на компресија, која развива 77 kW/105 KS и најголем вртежен момент од 220 Nm.

Според фабричките податоци, овој дизел во просек троши 3,4 l/100 km со CO2 емисија од 89 g/km.

Новата „Mazda2“ во понудата ќе има и бензински мотор со зафатнина од 1.5-литри, во три верзии кои развиваат 55 kW/75 KS, 66 kW/90 KS и 85 kW/115 KS.

2 mazda3

Нивната просечна потрошувачка е во опсег 4,5 – 4,9 l/100 km, a емисијата на „CO2“ од 105 до 115 g/km.

Моќта од предните тркала се пренесува преку „SKYACTIV-MT“ манутелниот менувач со 5 и 6 степени на пренос или по пат на шестбрзински „SKYACTIV-DRIVE“ автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП