9 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota: Девет милиони возила „Made in Europe“

Toyota: Девет милиони возила „Made in Europe“

toj fabrika

Во една од шестте фабрики на компанијата „Toyota“ до крајот на октомври ќе биде произведено деветмилионитото возило, соопшти јапонскиот производител.

Многу од возачи на „Toyotа“ во Европа можеби и не знаат дека постои голема можност нивниот автомобил да е произведен на европско тло.

Всушност, две од три возила продадени на „стариот“ континент ги имаат направено работниците на компанијата „Toyota“ во една од шестте фабрики за автомобили и 3 фабрики за мотори, сместени во Португалија, Велика Британија, Турција, Франција, Полска, Чешка и Русија.

Производството во Европа започна во 1971-ва година со изградбата на првата фабрика „Toyota Caetano Portugal S.A“, каде се изработувала првата „европска Corolla“.

Денеска, 43 години подоцна, во седум европски земји се наоѓаат девет фабрики, во кои се вложени повеќе од 8 милијарди евра.

Покрај за европските купувачи, во овие фабрики се произведуваат и возила за извоз на американскиот пазар.

Toyota“ во Европа во моментов има вработено околу 20.000 луѓе, што директно, што преку своите подружници, а таа бројка се искачува на 94.000 доколку се сметаат и работниците во продажната мрежа.

Околу 20% од сите „Toyota“ и „Lexus“ возила кои компанијата денеска ги продава во Европа се хибриди, повеќето од нив исто така се произведени во Европа. Во 2013-та година, 105.000 oд 156.000 хибриди продадени на европскиот пазар биле произведени во фабриките во Франција (Yaris) и Велика Британија (Auris и Auris Touring Sports).

Oд почетокот на 2014-та година, во Европа се продадени повеќе од 131.000 хибриди на „Toyota“ и „Lexus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП