23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПред 15 години BMW не веруваше во ваквиот успех на своите кросовери...

Пред 15 години BMW не веруваше во ваквиот успех на своите кросовери

x proslava2

Баварскиот производител во 1999-та година го претстави првиот во низата „X“ кросовер модел – „BMW X5“, како ривал на „Mercedes M-Сlaѕѕ“, кој се појави две години претходно. По 15 години, гамата на модели со ознаката „Х“ е проширена на пет возила, а „BMW X5“ ја дочека третата генерација.

„BMW“ веројатно не се ни надеваше дека одлуката да воведат кросовер, односно „SUV“ модели, по една деценија ипол ќе се покаже толку исплатлива.

Излезе дека веќе првиот меѓу нив, „BMW X5“ стана толку популарен што само во првата генерација беа произведени близу 620.000 возила.

Втората генерација беше претставена во 2006-та, а актуелната, третата, во 2013-та година.

x proslava1

Во меѓувреме, палетата на кросовери со успех беше проширена со моделите „X1“, „X3“, „X4“ и „X6“, a „BMW“ потврди дека во подготовка е и „X7“ кој ќе се наоѓа во врвот на гамата, како соперник на „Mercedes GL“.

Kомпанијата соопшти дека за 15 години се продадени преку 3.3 милиони примероци од „Х“ моделите, а секој трет автомобил кој „BMW“ денеска им го испорачува на купувачите е кросовер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП