19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes прослави 35 години од моделот G-Class

Mercedes прослави 35 години од моделот G-Class

g kasa

„G-Class“ на „Mercedes“ наполни 35 години и германскиот производител го одбележа овој повод со пуштањето на нови модели под името „G-Class Edition 35“.

Новите модели „G 350 BlueTEC Edition 35“ и „G 500 Edition 35“ имаат мали промени однадвор и однатре, за да се разликуваат од стандардните модели. Надворешните промени вклучуваат црни елементи во ретровизорите, како и различни бандажи.

Предниот и задниот браник на „G-Class“ исто така се малку изменети. Покрај црните елементи, моделите „Edition 35“ располагаат со „AMG“ ознаки на крилата, хромирана решетка на ладилникот, а во случајот на „G500“ и спортски ауспух.

g kasa 1

Ентериерот на „Edition 35“ доаѓа во неколку бои. Сите автомобили се со „AMG“ волан. Моќноста и кај двата мотора останува без промена. Максималната моќност е 211 коњски сили кај 3.0-литарскиот V6 мотор на „G350 Bluetec“ и 388 коњски сили за V8 моторот на „G500“.

Сопствениците можат да избираат меѓу бела, сребрена или црна боја на автомобилите, а цените стартуваат од 84.900 евра за „G350 Bluetec“ и 94.800 евра за „G500“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП