26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens дели откази во Германија

Siemens дели откази во Германија

siemens

Германскиот индустриски гигант „Siemens“ ќе започне со отпуштањето на работници во енергетскиот сектор во Германија поради слабата побарувачка на опрема за нуклеарни централи и делови.

Компанијата потврди дека планира намалување на работната сила во енергетскиот сектор, не прецизирајќи за која бројка се работи, пренесува радиото „Bayerischer Rundfunk“, кое не наведувајќи го изворот, вели дека станува збор за откази за 1.200 работници.

Управата на компанијата тврди дека сака да започне преговори со вработените пред започнувањето на процесот на отпуштање.

„Siemens“ оваа година го претстави севкупниот план за реструктуирање со цел да биде чекор до своите глани конкуренти „General Electric“ и „Philips“ во поглед на рентабилноста и иновациите.

Според зборовите на одговорните во енергетскиот сектор во компанијата, се планира затворање на неколку фабрики со цел да се намали маржата во текот на наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП