20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini: На повидок нов бестселер!

Lamborghini: На повидок нов бестселер!

lamborghini-huracan-as-05

„Lamborghini“ соопшти дека за само десет месеци продале 3.000 примероци од моделот „Huracan“, со што овој автомобил најави дека наскоро би можел да стане најпродаваниот модел на италијанскиот производител.

На крајот на 2013-та година беше стопирано производството на „Gallardo“, кој со 14.022 примероци за нешто повеќе од една деценија стана убедливо најпродаваниот „Lamborghini“.

Тој и натаму продолжи со оваа титула, но само е прашање на време кога од тронот ќе биде симнат од новиот бестселер во најава – „Lamborghini Huracan“.

„Huracan“ веќе на почетокот покажа одлични резултати, па така за првите 10 месеци колку се наоѓа на пазарот, продадени се 3.000 автомобили, од кои само 1.000 во САД.

„Lamborghini“ предвидува дека во 2014-та ќе продадат вкупно 3.600 возила, што претставува значителен раст во однос на 2013-та, кога ширум светот беа пласирани 2.121 автомобил со знакот на бикот.

За зголемувањето на продажбата ќе биде најзаслужен токму „Huracan“.

Раководоството на компанијата претходно најави нови верзии на овој модел, пред се „Spyder“ со отворен покрив, кој треба да се појави во 2015-та, со што ќе се овозможи натамошен раст на продажбата на автомобилите на „Lamborghini“.

Стандардниот „Lamborghini Huracan LP 610-4“ е претставен на крајот на 2013-та година. Има 5.2-литарски „V10“ мотор со 610 ks (448 kW) и 560 Nm максимален вртежен момент.

Моќта се пренесува на сите четири тркала, а автомобилот до „стотка“ забрзува за 3.2 секунди, додека до брзината од 200 km/h зa 9.9 секунди, пред да ги достигне максималните 325 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП