9 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota повлекува 1.75 милиони возила

Toyota повлекува 1.75 милиони возила

tojota defekti

Јапонскиот производител објави дека ќе повлече 1.75 милиони автомобили ширум светот поради проблеми со сопирачките и други дефекти. Во соопштението се посочуваат три проблеми кои можат да се појават на неколку модели на компанијата „Toyota“, меѓу кои се и возилата од луксузната марка „Lexus“.

Како еден од проблемите „Toyota“ го споменува неправилно обликуваниот дел на сопирачкиот систем, кој со текот на времето може да доведе до промени во „чувството“ на возачот при притискање на педалата за сопирање.

Тој недостаток е детектиран кај 802.000 автомобили од моделите „Crown Majesta“, „Crown“, „Noah“ и „Voxy“, пред се во Јапонија и Кина, кои се произведени во периодот од јуни 2007-ма до јуни 2012-та година.

Другиот проблем се однесува на можен дефект на цевката за довод на гориво кој може да предизвика пожар кај 759.000 возила, а опфатени се и модели на „Lexus“ произведени меѓу јануари 2005-та и септември 2010-та година. Повеќето од половината од автомобилите со овој дефект се продадени во САД.

Toyota“, исто така, укажа и на трет можен недостаок на 190.000 автомобили на јапонскиот пазар кои може да имаат проблем со системот за вбризгување на гориво. И овој дефект во краен случај може да доведе до пожар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП