19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Opel Corsa во спортска верзија (фото)

Новата Opel Corsa во спортска верзија (фото)

opc corsa 1

Петтата генерација на популарниот модел на „Opel“ имаше премиера на саемот во Париз. Ако дизајнот на стандардната верзија на новата „Corsа“ Ве остави рамнодушни, време е да и дадете втора шанса и да погледнете како овој автомобил изгледа во пакетот на опрема „OPC Line“.

Додека љубителите на спортски модели на компанијата „Opel“ со нетрпение ја очекуваат вистинската „Corsа OPC“, претставена е верзија со украсен „OPC Line“ пакет, кој на овој автомобил му дава агресивен, спортски изглед.

opc corsa 2

Во однос на стандардниот модел, „Corsa OPC Line“ има спојлер на предниот браник и аеродинамички додатоци во боја на каросеријата во должина на праговите на автомобилот. Надворешните ретровизори се црно обоени, а тука се и црните алуминиумски бандажи во „OPC“ стил, додека задниот дел на автомобилот го краси хромирана издувна цевка и спојлер на покривот.

Купувачите можат да сметаат и на посебни детали во ентериерот, како што е спортскиот волан, кожна рачка на менувачот, алуминиумски ножни команди, украсни елементи со висок сјај…

Потсетуваме, новата „Corsa“ е достапна со 4 бензински и еден дизел мотор.

opc corsa 3

Во понудата е 1.0-литарски трицилиндарски турбо-бензинец во верзии со 90 ks и 115 ks, потоа 1.4-литарски турбо-бензинец со 100 ks, како и два атмосферски, 1.2-литарски со 70 ks и 1.4-литарски со 90 ks.

Единствениот дизел агрегат е 1.3-литарскиот „CDTi“, кој е на располагање во верзии со 75 ks и 95 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП