25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукас Силва ќе го замени нездоволниот Кедира!?

Лукас Силва ќе го замени нездоволниот Кедира!?

lukas silva 3595

Сами Кедира е незадоволен на „Сантијаго Бернабеу“, но Карло Анчелоти веќе има подготвено решение за тоа. Мадридска „Marсa“ објави дека тренерот на Реал го посакува Лукас Силва кој минатата сезона со Крузеиро ја освои титулата во Бразил.

Вниманието на фудбалската јавност тој го привлече со одличниот настап на претстижниот турнир во Тулон, кој бразилската селекција до 20 години без проблем го осовои.

Дваесетгодишниот Бразилец игра на позицијата централен везен, а го краси одличен удар, што го демонстрираше на натпреварот на неговиот клуб со Васко де Гама, на кој постигна гол кој ретко може да се види. Неговата одлична десна нога, се надеваат во Мадрид, дека би можела од него да направи нов идол на Пиринеите.

Интересно е тоа дека Силва како дете играл во нападот, но како младинец од страна на неговиот тренер бил прекомандуван во срцето на теренот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП