18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.10.2014

Дневен хороскоп 15.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Овој период ви носи многу нови можности на деловен план само ако бидете максимално прецизни во своите барања и ако разговорите ги обавувате во четири очи. Една Вага и Лав ќе се обидат да ве наговорат на заеднички проект. Обидете се да бидете максимално смирени во некоја напорна ситуација.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Верувате дека ќе успеете да убедите некој кој ви е многу драг дека треба да го прифати вашиот предлог во врска со новата работа која би требало да ја обавите во некое друго место или некоја работа во која често ќе мора да патувате. Верувате во добронамерноста на еден Рак или Јарец. Не влегувајте во расправија со Вага или Лав.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот е погоден за одмор а не за некои големи потези. Ако се занимавате со креативна работа, уметност, ќе добиете голема инспирација. Не ја одбивајте понудата на некоја Водолиjа или некој Овен. Стрелецот се обидува да ве наговори на заедничка работа во странство. Можете да очекувате пофалба од Лав или Вага. Денес денот е погоден да одиграте некоја игра на среќа.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе имате идеја како да ги решите проблемите во работата кои ги имате со некој Јарец или Шкорпија. Би требало да бидете во добри односи со Рибите. Чувствувате дека е потребно да промените нешто во својот став кон блиските соработници. Не дозволувајте гневот да го надвладее разумот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Очекувате да добиете понуда од лице кое ви ветило помош. Ако се работи за странци или за колеги кои соработуваат со странци, можете да очекувате поволен развој на настаните. Не се потпирајте премногу на оние кои досега многу ви ветиле а ништо не исполниле. Ако сте млади, би требало да бидете повеќе активни во работата со Вага или Овен.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Очекувате да ви јави некој Бик или некој Рак но не сте сигурни дали тоа ќе се случи, особено ако треба да се договорите со некој кој е прилично тврдоглав. Имате начин да убедите некоја Вага или Риба да го прифатат вашиот предлог кој се однесува на работа со странци. На некој му е многу важно да ве има во неговиот тим.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Верувате дека можете да излезете на крај со проблемите кои изгледаат премногу комплицирани за да ги решите без поддршка од еден Лав или некој Овен. Стрелецот ве разбира и сака да ви угоди, но вие немате доволно трпение. Некоја друга Вага ќе ви помгоне да пронајдете енергија за решавање на проблемите во врска со пари.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе постои некој таен договор со Рак, Бик или Јарец. Ќе имате расправија со некоја Девица или Близнаци. Имате можност да го поправите односот со Овен ако бидете максимално попустливи и ако му дадете доволно јасна причина за вашите цели.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова не е толку поволен период за вас. Можно е да постои гнев и кавга со некоја драга личност во врска со донесувањето на одлуки за иднината. Обидете се да премолчите и стрпете се да дојде поповолен период. Се плашите од критиката на партнерот. Стабилизирајте се и не носете нагли одлуки.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не сте задоволни со развојот на настаните на работа и потребно е да бидете поприлагодливи и да ги сфатите причините за нечие грубо однесување кон вас. Чувствувате потреба за правда, па затоа кажете го она што ви лежи на душа. Еден Овен или Стрелец не покажува доволно почит кон вас, но сепак нека не ве загрижува тоа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Овој период нема да биде поволен за оние претставници на овој знак кои секогаш сакаат другите да постапат според нивната волја. Прилично сте размазени и се однесувате како целиот свет да се врти околу вас. Оваа ваша особина можно е да му се допадне на некој, кој од вас ќе побара нешто повеќе од пријателство.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Верувате дека никој не ви посакува добро и се сомневате дека зад вашите проблеми стои некој кој е сериозно заинтересиран да ги преземе сите ваши работи. Ако имате влиски соработници кои се прилично напорни за соработка, особено Вага или Бик, денес не навлегувајте во конфликт со нив. Ракот ве подржува во желбата да промените нешто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП