Италијанската компанија „Technicar“ моментално работи на развој на супер автомобил на електричен погон кој ќе може да постигне 300 km/h.
Oваа компанија чие седиште е на Сицилија, тврди дека го завршила дизајнот на електричното купе со високи перформанси кое ќе се нарекува „Lavinia“.
Станува збор за модел кој ќе го карактеризира електромотор со моќ од 800 ks благодарејќи на кој забрзувањето до 100 km/h ќе го постигне за само 3.5 секунди, додека максималната брзина која може да ја развие ќе биде 300 km/h.
Моделот моментално е во фаза на развој, а се уште не познато кога во целост ќе биде готов. За дизајнот беше задолжен Џузепе Ферацано, додека објавените „3D“ цртежи ги изработи Анџело Граната.