22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзите автомобили според забрзувањето (фото)

Најбрзите автомобили според забрзувањето (фото)

stotka naslovna

Времето за забрзување од 0 до 100 км/час е важен фактор кој го гледаат луѓето кои купуваат скапи автомобили. Сите автомобили во оваа листа може да се движат по патиштата. Ова се 10-те автомобили со најбрзо забрзување во светот:

1. „Ariel Atom“ – 2.3 секунди.

stotka 1

Годишно се произведуваат по 100 парчиња од овој автомобил. Можеби ви изгледа чудно, но овој автомобил е дозволен за движење по патишта.

2 „Bugatti Veyron Supersport“ – 2.46 секунди.

stotka 2

Моделот од 2010-та година има максимална брзина од 431 км/час. Ова е најбрзата кола во сериско производство.

3. „Caparo T1“ – 2.5 секунди.

stotka 3

Овој британски модел е од 2007-ма година.

4. „Porsche 918 Spyder“ – 2.6 секунди.

stotka 4

Располага со 4.6-литарски V8 мотор. Се произведува од 2011-та година.

5. „Lamborghini Aventador“ – 2.7 секунди.

stotka 5

Овој модел на италијанскиот производител е од 2011-та година.

6. „Nissan GT-R R35“ – 2.7 секунди.

stotka 6

Ова возило изгледа „најобично“ од сите во рангирањето, но е способно да забрза до „стотка“ за 2,7 секунди.

7. „Porsche 911 Turbo S“ – 2.7 секунди.

stotka 7

Второто „Porsche“ во топ 10.

8. „SSC Ultimate Aero TT“ – 2.78 секунди.

stotka 8

Производител е „SSC North America“.

9. „BAC Mono“ – 2.8 секунди.

stotka 9

Овој автомобил е дело на „Briggs Automotive Company“.

10. „Lamborghini Murciélago LP 670-4 SuperVeloce“ – 2.8 секунди.

stotka 10

Со вториот модел на „Lamborghini“ затвора топ 10 листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП