14 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал оствари приход, а засилувања нема

Арсенал оствари приход, а засилувања нема

arsenal

Англискиот фудбалски клуб, Арсенал соопшти дека во последните шест месеци оствариле приход од 27 милиони долари, благодарејќи на продажбата на некои од играчите.

Арсенал во Манчестер Јунајтед го продаде Робин ван Перси за 35 милиони долари, па така паричните резерви пораснаа на 187 милиони долари, но навивачите се незадоволни, затоа што парите не се потрошени за засилување на екипата.

Овој премиерлигаш последните осум сезони не освои ниту еден трофеј, а во Лигата на шампионите треба да надокнади минус од 1:3, доколку сака да го елиминира Баерн Минхен и да се пласира во четвртфиналето од ова натпреварување.

Покрај тоа, тие се во опасност следната сезона да не учестуваат во најелитното друштво во Европа, затоа што моментално се наоѓаат на петото место на табелата во Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП