26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.10.2014

Дневен хороскоп 14.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денешниот ден не е поволен за нови потези во деловниот свет. Некој нема да ве сфати сериозно па ќе си поигра со вашите планови. Неискреноста од блиските лица буквално ќе ве сруши. Денот е премногу напорен за стабилни чекори. Смирете се и почекајте поповолен период.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Чувствувате некоја мала непријатност или закана која доаѓа од оние кои не ви се наклонети. Не би требало со своите коментари да потсетувате дека не биле секогаш фер со вас, особено не некој Бик, Вага, Рак или Јарец. Можете само да ја влошите ситуацијата која не е баш солидна. Постои понуда од некоја Шкорпија во врска со работа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Нервозни сте секогаш кога сте оптеретени со обврски и секогаш кога мислите дека нема да стигнете да ги завршите сите. Денес би можеле непотребно да се форсирате и само да се наполните со нервоза. Не навлегувајте во расправии со Риби, Стрелец или Лав, кои многу често ви замеруваат за постапките.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Раководени од интуицијата ќе сфатите дека некаде сте погрешиле. Вашето семејство и најблиските ве разбираат но не можат да ви помогнат бидејќи и тие се во тешка ситуација. Вашите барања се преголеми, па затоа ќе владее нервоза и несогласување. Преиспитајте ги одлуките.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекуваат проблеми поврзани со работното место. Работните задачи извршувајте ги како да сте постојано под контрола и само така ќе ги избегнете конфликтите со претпоставените. Односите со околината се значително подобри. Решете го конфликтот со семејството на најразумен начин.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Контактите со странство се од голема важност и ви се отвараат врати за нови комбинации и работи. Постои можност за патување или пак посета од далеку. Не ги доверувајте вашите тајни на секого.Постои можност за мала финансиска грешка, внимавајте.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Треба малку пореално да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате, особено во работата. Проблемите со партнерот ќе ви ги заматат плановите. Не се расправајте со некој Овен ниту со некој Бик, вие ќе загубите. Некоја понуда за соработка ќе биде токму она што го чекавте подолг период.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. Споделете со партнерот проблем во врската за кој е неопходно брзо решение. Отвореноста ќе резултира со компромис.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се појават финансиски проблеми. Ќе имате потреба да финиширате некои работи и малку да се дистанцирате од напорната работа, но новите задачи ќе ве стигнуваат. Како да им нема крај. Бидете позитивни и среќни што е така. Дајте се од себе за да ги сработите како што треба.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Нема ништо лошо во тоа да бидете амбициозни се додека се враќате чекор назад за да се насладите на плодовите на својот труд. Не изигрувајте детектив за да го откриете значењето на нечија збунувачка порака. Едноставно прашајте и ќе ви биде одговорено. Партнерот ќе посака нешто повеќе од вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе добиете повик кој позитивно ќе ве изненади. Она за што се борите е правилно, но ќе треба подобро да соработувате со другите, барем за сега. Некои ќе гледаат да ја усовршат својата стручност. Оние што учат ќе бидат во добивка.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сакате да направите нешто но некој ве спречува. Вашиот партнер ве води во погрешна насока, постои можност за кавга со семејството. Размислете реално, дали некој заслужил лошо да се однесувате со него. Туѓата среќа треба да биде и ваша, научете го тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП