25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat Chrysler Automobiles имаше деби на берзата во Њујорк

Fiat Chrysler Automobiles имаше деби на берзата во Њујорк

berza fiat

Акциите на групацијата „Fiat Chrysler Automobiles“ имаа деби на њујоршката берза. Хартиите од вредност кои се тргуваат со ознаката „FCAU“, ја започнаа сесијата при цена од 9 долари за една и брзо поскапеа за над 2% или до 9.55 долари, но потоа поевтинија до 8.91 долари, објави „Forbes“.

Компанијата излезе на Њујоршката берза, за да ја зајакне својата репутација и да им овозможи на американските инвеститори да се вклучат во успешната приказна на „Chrysler“. Освен во Њујорк акциите ќе се тргуваат и во Милано.

„Излегувањето на „Fiat Chrysler Automobiles“ на берзата бележи најтешко постигнување на некоја цел. Денешниот ден е почетокот на нашето патување како глобален автопроизводител“, рече извршниот директор на концернот Серџо Маркионе во Њујорк. Маркионе и претседателот на „Fiat“ Џон Елкан го удрија ѕвончето на Њујоршката берза во чест на првиот ден на хартиите од вредност на Волстрит.

„Chrysler“ повторно предвидува добивки, помогнат од обновувањето на продажбата на автомобили во САД, откако пред пет години објави банкрот и беше купена од страна на „Fiat“ со учество на американската влада. Најдобрите резултати сепак се контраст на проблемите на италијанскиот производител на европскиот пазар.

„Fiat Chrysler Automobiles“, која беше формирана по спојувањето на двата концерни, е седмиот по големина производител на автомобили во светот и Маркионе планираше преку спојувањето да ги намали трошоците и технологијата, за да може да се натпреварува со најголемите светски производители на возила.

Оваа групација има амбициозна цел да се зголеми продажбата за 60% или до над 7 милиони автомобили во 2018-та година. Вкупно, двете компании продале 4.4 милиони автомобили минатата година, во однос на продажбата од 6.3 милиони на конкурентот од Детроит, „Ford“. Глобален лидер е „Тоyоtа“ со продажба од 9.98 милиони автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП