„Mercedes“ објави дека ќе повлече 10.500 примероци од „C сlasѕ“ од американскиот пазар поради можни проблеми со воланот.
Почетокот на новата „C сlasѕ“ на многу важниот пазар ќе биде забавен со цел „Mercedes“ на вонреден сервис да ја провери исправноста на возилата наменети за купувачите во оваа држава.
Откако на неколку примероци од овој модел кои се продадени во Европа беше забележано кочење на воланот и проблеми со вртење на истиот, германската компанија одлучи да ги повлече 10.500 автомобили кои се произведени во САД и се предвидени за продажба или веќе им се испорачани на сопствениците.
Како што е соопштено од „Mercedes“, се очекува примероците кои излегоа од погонот во Алабама да се исправни, но менаџментот сепак одлучи да ги прегледа од претпазливост.
„Mercedes“ за можниот проблем веќе ја извести американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот (NHTSA) и превзема чекори за тоа да ги информира сопствениците на спорните возила.
Засега не е објавено дали овој повик ќе се прошири и на други пазари надвор од САД.
Новиот „Mercedes C сlasѕ“ е претставен во Америка кон крајот на август, а во септември се продадени 6.285 автомобили.