9 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo најавува враќање на купе и кабриолет возилата

Volvo најавува враќање на купе и кабриолет возилата

volvo kupe

Иако „Volvo“ моментално во понудата нема купе и кабриолет модели, шведскиот производител планира нивно производство за во иднина.

„Компанијата моментално е фокусирана на обновување на постоечката гама, а кога таа работа ќе биде завршена, ќе се посветиме на развој на преубави, спортски автомобили“, вели заменикот претседател во „Volvo“ задолжен за истражување и развој, Петер Мертенс.

Тој не прецизираше дали е во план продукциска верзија на „Volvo Concept Coupe“, кој предизвика позитивни реакции по премиерата во 2013-та година, но потврди дека ја разгледуваат можноста за купе и кабриолет модели.

Мертенс потврди дека новиот топ модел на компанијата, лимузината „S90“, ќе биде претставена во 2015-та, и ќе биде поставена на новата „SPA“ платформа на која е базиран „Volvo XC90“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП