16 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.10.2014

Дневен хороскоп 13.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Потребно е да сфатите дека не треба да ги користите туѓите слабости за да добиете некои поени, на сметка на туѓите грешки. Напротив, покажете колку сте способни и колку вие самите можете да успеете во замислите. Некоја грешка скапо ќе ве чини.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате шанса некого на работното место да го убедите во вашиот став или во она што го сакате. Имате начин како да ја повратите довербата на некој кој ви значи и како да се изборите за вашето место под сонцето. Внимателно со Близнаците и Овенот, можат да ве искористат во финансиски поглед.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате потреба да направите нешто за себеси лично и малку да бидете себични за другите. Некои други Близнаци можат да ве искористат за некои финансии. Имате доверба во партнерот и ги слушате неговите совети. Бидете повеќе толерантни со тврдоглавите лица.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ова е еден од оние денови во кој не знаете што да правите со себе си и најверојатно ќе сфатите дека многу сте погрешиле во одлуките и мислењето за другите лица. Нема да бидете задоволни со тоа што ќе бидете игнорирани од еден Јарец за кој мислевте дека ќе ви помогне.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Верувате дека сте на вистинскиот пат за да убедите некои Риби или Овен да воспостават добра комуникација со вас. Ќе се појават финансиски проблеми, воздржете се и не земајте кредит. Ако ви недостасува нечие внимание, јасно и гласно кажете го тоа.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе направите нешто неочекувано и ќе се соочите со многу критики. Некој сериозно ќе ве навреди. Не се изненадувајте од лошите вести, бидејќи на некој начин сами ги создадовте. Поволната вест која одамна ја очекувавте нема да пристигне набрзо. Неповолен период за создавање ново пријателство.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате ваш начин како да дојдете до целта и како да ги остварите плановите. Не мислите дали некој ќе биде повреден, само алчно итате кон целта. Некоја друга Вага е подготвена да ве предупреди, а вие не сте подготвени за извинување, затоа не навлегувајте во поголеми дебати. Некоја Риба која ја сметате за соработник, ќе предизвика конфликт во врска со пари.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Знаете како да воспоставите хармонична атмосфера меѓу вас и колегите и знаете како да постапите во конфликтната ситуација со Овен или Стрелец. Денес некој Лав ќе ви направи сериозен проблем и би требало отворено да разговарате за тоа. Некои лица ќе го променат нивното мислење за вас.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете нетрпеливи да ги дознаете сите трачеви во вашата околина. Озборувањата ќе ве доведат до проблематична ситуација. Вашата енергија ќе се намали а вие ќе бидете разочарани. Обидете се вашиот бизнис план да го претворите во пари. Некој пријател во минатото ќе ве посети.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се трудите да го дадете максимумот од себе и не се впуштате во непотребните расправии со оние кои ве нервираат или не знаат што сакаат. Имате можост да започнете некоја нова работа, во која постои можност вашето хоби да го претворите во пари. Озборувањата околу вас неповолно ќе влијаат на вашето расположение.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе се плашите да не ја загубите работата, а сето тоа ви се заканува поради фактот дека во последно време бевте крајно несериозни. Застанете цврсто на нозете и започнете да ја поправате ситуација. Немате можност за некоја голема промена, но можете да ја подобрите ситуацијата.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Верувате дека некој нешто ви крои зад вашиот грб или дека некој ве наговара на нешто со цел да ве искористи. Не се однесувате фер кон вашите блиски лица, а сето тоа ќе го платите со губење на довербата. Добро ќе се чувствувате во друштво на Шкорпија или Јарец, лица на кои можете да се потпрете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП