20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi Q7 ќе има деби во јануари

Новиот Audi Q7 ќе има деби во јануари

novi-audi-q7

За во јануари следната година „Audi“ најави деби на својот нов „Q7“ модел кој е нивниот главен адут во конуренција на „SUV“ возила. Луѓето од германската компанија не сакаа да влегуваат во детали, но јасно е дека мислеа на саемот за автомобили во Детроит, најголемиот автомобилски настан во првиот месец од годината.

Новиот „Audi Q7“ ќе биде направен на платформата од наредната генерација која ќе ја носи ознаката „MLV Evo“. Поголемата застапеност на алуминиумот значи дека новиот „SUV“ ќе биде околу 360 килограми полесен од сегашната верзија. Ваквите промени се повеќе од неопходни, затоа што актуелниот модел е на пазарот уште од 2005-та година.

Од агрегатите во понудата ќе бидат три верзии на трилитарскиот „TDI“ дизел од 218, 272 и 320 коњски сили. Најмоќната верзија ќе има „V8 TFSI“ мотор со зафатнина од 4.0-литри кој ќе биде изработен во соработка со компанијата „Bentley“.

Во зависност од моделот и земјите во кои ќе се испорачува, „Q7“ ќе добие седумстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП